За рестораните за свадби милион евра, сопствениците незадоволни, бараат протоколи

Со ребалансот на буџетот, меѓу другото еден милион евра се предвидени како помош за рестораните кои организираат свадби, но само за регистрираните за таа дејност.
Поединечната сума која ќе ја добие еден објект се движи од 10 до 30 евра, што зависи од остварениот промет во текот на минатата година. Ова е една од мерките од четвртиот антикризен пакет која го чека ребалансот на буџетот за да може да се реализира.

Но, сопствениците на ваквите ресторани велат дека се незадоволни од сумата, иако сметаат дека секоја помош во оваа ситуација е добредојдена. Тие проценуваат дека за да можат да се опорават по шестмесечното неработење, на 150 ресторани им се потребни два ипол пати повеќе пари од предвидените со ребалансот, односно 2,5 милиони евра.

Таа сума, според нив, ќе биде доволна зимава да ги платат режиските трошоци, кириите и каматите на кредитите.

Угостителите соопштија дека планираат да не аплицираат за субвенции за плати, зашто по истекот на мерката, два месеца, односно во јануари и февруари, ќе мора на вработените да им даваат цела плата и да им плаќаат придонеси.

Затоа, остануваат на барањето да се донесат протоколи по кои ќе работат, како единствен спас за нив.