За „Roma“ наградата за најдобар филм и најдобар режисер на BAFT

Филмот „Roma“ на Netflix доби во неделата во Лондонд две награди BAFTA (Британската академија за филмска и телевизиска уметност – British Academy of Film and Television Arts), за најдобар филм и за најдобар режисер, за Алфонсо Куарон.

Наградата за најдобар актер во главна ролја ја доби Рами Малек за улогата на Фреди Меркури во филмот „Bohemian Rhapsody“, а за споредна Махершала Али во „Green Book“.

Британката Оливија Колман ја доби наградата за најдобра главна актерка за нејзината интерпретација на кралицата Ана во филмот „The Favourite“. Наградата за најдобра споредна актерка ја доби Рајчел Вајс, исто така, за филмот.

Свеченото доделување на наградите BAFTA, беше одржана во лондонскиот „Ројал Алберт Хол“. Станува збор за најценетиот ваков настан надвор од САД, во низата доделувања филмски награди во текот на годината. Кулминацијата на сезоната ќе биде доделувањето на најпрестижните награди Оскарите на 24-ти февруари.