За Роналдињо, Меси не е најдобар во историјата

Лионел Меси е најдобар во негово време, но не може да се каже дека е најдобар во историјата, изјави Бразилецот Роналдињо, кој се појави на еден хуманитарен ревијален фудбалски натпревар во мексиканскиот град Канкун.

Роналдињо, кој беше најдобар vo светот во годините кога играше заедно со тогаш младиот Меси, искажа пофални зборови за Аргентинецот, но не сака да го споредува со Пеле, Марадона, Роналдо и останатите кои одбележувале една ера во најпопуларниот спорт.

„Не сакам такви споредби, тешко е да се каже кој е најдобар на сите времиња. Марадона, Пеле, Роналдо, сега Меси, секој си одбележува по една епоха во своите време. Затоа не можам да кажам дека Меси е најдобар во историјата“ – изјави Роналдињо.