Спорт

За Руни Меси е најдобар играч на сите времиња

За Руни Меси е најдобар играч на сите времиња

Англиската фудбалска легенда, Вејн Руни за медиумите во САД рекол дека Лионел Меси е најдобриот играч кој светот некогаш го видел, иако и самиот Англичанец беше соиграч на Кристијано Роналдо во „Манчестер Јунајтед“.

Руни играше со Роналдо од 2004 до 2009 година, но иако е голем фан на Португалецот, сепак мисли дека Меси е подобар играч.

Додека играше за „Јунајтед“, Руни два пати губеше од „Барселона“ и Меси во финалето од Лигата на шампионите.

Во двата натпревари ќе бевме фаворити ако игравме против било кој друг тим на светот, а тоа да не беше „Барселона“. Во моите очи тоа беше најдобриот тим на сите времиња, а Меси најдобриот играч во историјата. Тоа што тој го прави е неверојатно. Меси има од се по малку. Го гледате како постигнува голови, а  понекогаш игра и на позицијата играч за врска.Така што тој е веројатно најдобриот во историјата, изјави Руни.