За Русија остануваме Република Македонија

Руската амбасада во Македонија преку Твитер соопшти дека Русија ја признала Македонија под уставното име пред повеќе од 26 години и својот став нема да го промени.

Веднаш по референдумот руското МНР соопшти дека Западот е решен да го вклучи Скопје во НАТО и покрај спротвниот став на граѓаните.

Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа  Преспанскиот договор, резултатите од референдумот веднаш беа поздравени од лидерите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Тие се решени да го вклучат Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на македонските граѓани, наведуваат од МНР на Русија.