За само 10 дена драстичен скок на пренхранбените производи

При проверката на новите цени од страна на сервисот „Ценометар.мк“ забележан е драстичен скок на цените многу производи и тоа во рок од само 10 дена од последната проверка.

Зголемувањето е генерално кај сите производи, велат од „Ценометар“, но најистакнато е кај следниве категории:

1. Банана – поскапена за 8-10 денари!
2. Лимон – поскапен за 5-7 денари!
3. Јаболка – поскапени за 8 денари!
4. Домат – поскапен за 14 денари!
5. Зелка – поскапена за 4 денари!
6. Компир – поскапен за 6 денари!
7. Брашно – поскапено за 4 денари!
8. Грав – поскапен за 17 денари!
9. Путер – поскапен за 5 денари!
10. Ајдамер кашкавал – поскапен за 67 денари!
11. Гауда кашкавал – поскапена за 29 денари!
12. Свинска кртина – поскапена за 20-40 денари!

Од порталот чија специјалност се споредувањата и пратењето на цените во различни маркети, продавници и пазари, велар дека иако поскапувањата се различни по различни маркети, генералниот тренд е јасен.

Дали е доволна мерката за замрзнување само на основните производи, или Владата треба генерално да ги замрзне цените на сите производи? Дали луѓето не треба да јадат овошје и зеленчук кој немилосрдно поскапува? Со ваков раст на цените, народот нема да може да купува воопшто овошје и зеленчук и неговата прехрана ќе се сведе на леб, ориз и масло, за жал, потенцираат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.