14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

За само 100 дена нештата можат суштински да се променат кога се работи чесно и одговорно, вели Колев

Градоначалникот на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев преку статус на Фејсбук пишува дека за само 100 дена нештата можат суштински да се променат кога се работи чесно и одговорно.

-Изминаа 100 дена откако ми ја дадовте Вашата доверба за Градоначалник на Општина Велес. Чест и задоволство ми претставува што покажавме дека за само 100 дена нештата можат суштински да се променат кога се работи чесно и одговорно.

Во овој период на прилагодување, но и континуирано работење исполнето со многубројни предизвици, работев трудољубиво и сплотено, со студиозен пристап кон сите поголеми и помали проекти, со подеднакво значење за развојот на Велес.

Затоа, почитувани сограѓани, пред Вас е мојот отчет за сработеното во изминатите 100 дена како градоначалник. За таа цел, денес одржав брифинг и прес – конференција со новинарите од градот каде им ги презентирав завршените и отпочнатите проекти, но и идните развојни планови за градот.

Велес е мојот град, градот кој го сакам! Велес станува поубаво место за живеење! Велес за сите граѓани, стои во неговиот пост на Фејсбук.