За само еден месец заврши брачната идила на Џенифер Анистон?!

За само еден месец заврши брачната идила на Џенифер Анистон?!
За само еден месец заврши брачната идила на Џенифер Анистон?!

Џенифер Анистон и Џастин Теру наводно не се повеќе заедно. Изгледа на ѕвездата на серијата „Пријатели“ и нејзиниот нов сопруг, кои тајно се венчаа минатиот месец, брачната идила не им потраја долго.

Ако е точно тоа што пишуваат таблоидите, тие двајца се близу до развод. На Џенифер наводно и било доста од „лажење дека е среќна“, додека Џастин „бил посреќен кога е поалеку од неа“, тврдат извори блиски до парот.

„Повеќе не може да глуми дека е среќна. Џенифер се прашува дали ја направила најголемата грешка во својот живот кога се омажи за Џастин“, вели изворот.

На Џенифер наводно и било доста од „лажење дека е среќна“, додека Џастин „бил посреќен кога е поалеку од неа“
На Џенифер наводно и било доста од „лажење дека е среќна“, додека Џастин „бил посреќен кога е поалеку од неа“

Џенифер Анистон и Џастин Теру се венчаа на 5 август. Актерката во моментот го снимасвојот нов филм во Атланта, додека нејзиниот сопруг поради работни обврски е во Тексас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.