За само шест часа во Штип санкционирани 105 возачи за пречекорување на брзината

Во понеделникот во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Штип е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуват возило со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата се санкционирани 105 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, од кои 70 прекршоци од возачи кои ја пречекориле брзината надвор од населено место и 35 во населено место. Откриени се и 21 друг вид на прекршоци.