За СДСМ Скопје 2014 сега е гламур, а го оценуваа како кич

На лидерот на опозицијата, Зоран Заев не му пречи кога неговата потпретседателка Радмила Шекеринска прославува во „Скопје 2014“. Раководството на СДСМ прославуваше во новата зграда на МНТ направена според стариот скопски театар. Гламур и елитна ВИП забава, шампањско, скапо вино… прослава на која можеа да се видат во скапи тоалети и смокинзи на луѓето од раковоството на СДСМ. Радмила Шекеринска, Заев со сопругата, портпаролот Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Кире Наумов беа дел од гостите и прославуваа доцна во ноќта. Очигледно не им пречеше Скопје 2014. Опозиционерите  се восхитуваа и прославуваа со елитна забава, пишува Република.

Наспроти ова тие кога се пред камери и во јавноста се жестоки критичари на проектот. Забеган, кич, налудничав, евтино парадерство се дел од кованиците кои СДСМ му ги препишуваше на овој проект. Еве дел од изјавите:

Забавата покажа скап гламур и елитизам на сдсмовците.Не може а да не се констатира дека ваквото нивно срамежливо признавање на вредноста на проектот Скопје 2014 беше предвидено и од страна на Премиерот Груевски уште пред три години во еден негов говор:

Радмила Шекеринска и Зоран Заев се претставуваат пред јавноста како да се средна класа. Но таа „средна класа“ всушност прославува како аристократија. Плукаат по барокниот стил, кој рака на срце, некому му се допаѓа, некому не. Се чини Тие двајца се од оние на кои им се допаѓа, само плукаат зошто тие го немаат изградено…