Соросовите професори, кои се главни борци во првите редови на студентските протести, не протестираат за студентите, туку за нив самите. До овој заклучок е дојдено од измените на законот за високо образование каде се предвидува дека секој професор, почнувајќи од 2018 година, ќе треба во рок од петгодишен период да има издадено по најмалку два труда во списание со импакт-фактор, но само во оние кои се светски реномирани со што ќе се покаже нивната конкурентност на пазарот на труд.
Според евиденцијата за објавени трудови на импакт-фактор, објавени на „Web of science“ СОРОСОВИТЕ професорски борци котираат на следниов начин:
Борче Давитковски/ 0 трудови
Ана Павловска Данева/ 0 трудови
Љубомир Данаилов Фрчкоски/ 0 трудови
Мирјана Најчевска/ 0 трудови
Горан Калајџиев/ 0 трудови
Со самото ова се потврдува и изјавата на премиерот Никола Груевски во која тој вели дека професорите намерно јавно не го споменуваат овој факт, бидејќи на тој начин ќе излезе на виделина целата зошто тие наводно ги поддржуваат студентските протести.
„Поголемиот мотив за поддршката го гледам во тоа што во истиот овој закон каде што се измените за државен испит има и едни други измени коишто професорите кои се дел од Пленумот не го спомнуваат, но јас сум убеден дека тоа е поголемиот мотив заради кој ги мотивираат студентите да протестираат. Не го споменуваат затоа што не им одговара и затоа што ќе излезе на виделина една ситуација која не е баш најповолна за нив, а тоа е дека со новите измени се предвидува од 2018 година секој професор во петгодишен период да мора да има издадено најмалку два труда во списание со импакт-фактор, но не во кои било списанија туку светски реномирани, а до сега беше во кои било списанија, рече Груевски, одговорјаќи на ноавинарски прашања по промоцијата на 50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Во тие списанија ние проверивме минатата година, имаме се на се 300 труда, додека за последните пет години има 4.000 труда. Направивме компарација со земја која е слична по големина и број на жители, а тоа е Словенија. Во Словенија во последните пет години има 50.000 труда што е повеќе од 12 пати отколку во Македонија. За еден таков труд треба повеќе работа, повеќе напор, повеќе научни истражувања и посветеност на професорот на научната работа и тоа е главниот проблем. Тој заб ги боли дел од професорите, не сите“, рече премиерот Никола Груевски.