За Сијарто Глобалниот компакт за миграциите на ОН е предавство на Европа

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави во вторникот во австриската престолнина Виена на заедничката прес-конференција со домаќинот Хајнц-Кристијан Штрехе дека Глобалниот компакт за миграциите може да се спореди со предавството на Европа, бидејќи оди против интересите на народите.

Шефот на унгарската дипломатија истакна дека споменатиот Глобален компакт претставува „сериозна закана“ за Европа, бидејќи според Петер Сијарто е „насочен кон легализирањето на нелегалната миграција како основа на човековото право“.

Унгарија нема да гласа за овој предлог на Генералното собрание на Обединетите нации коешто ќе се одржи следната година, рече натаму Сијарто зборувајќи за ткн Глобален компакт за сигурните, уредени и законски миграции од кој веќе се повлекоа Австрија, САД и Австралија, а најверојатно тоа ќе го сторат и Чешка и Полска, други две центалноевропски земји членки на Европската унија.

Сијарто ѝ се заблагодари на Австрија поради тоа што исто така не го подржа овој „компакт“ на ОН. Австрискиот министер за надворешни работи Хајнц-Кристијан Штрахе возврати со пофалби за Унгарија, којашто според него во 2015 година го поставила примерот како треба да се штитат Шенгенските граници на Европската унија.

Извештајот на таканаречената невладина организација „Сорос – Саргентини“ за ситуацијата на човековите права во Унгарија којшто во Европскиот парламент беше претставен во септември, Штрахе го нарече како ништовен. Оцени, исто така, дека во процесот на прифаќање на споменатиот документ би требало да се вбројат и гласовите на воздржаните.

Сијарто во вторникот се сретна со градоначалниците на австриските градови коишто се наоѓаат по должината на унгарско-австриската граница и со нив разговараше за воведувањето на граничните ограничувања. На средбата во Јура, градот на западот од Унгарија, Сијарто на локалните челници и порача дека ќе преземе сѐ што е возможно за да се осигури „моменталната ситуација да биде разрешена на соодветен начин“, соопшти тамошното министерство за надворешни работи, пренесе новинската агенција MTI.

 

Шефот на унгарската дипломатија рече дела влегувањето на возилата во Австрија е непречено на 29 од 39-те гранични премини. За правилата за влегување на другите десет гранични премини ќе се разговара следната седмица на состанокот на заедничката работна група. Додаде дека Австрија не треба да воведува нови ограничување на своите граници, бидејќи Унгарија веќе воведе мерки кои го спречуваат нелегалното влегување. Сијарто истакна дека двете земји добиле средства од ЕУ за градење дополнителни пет гранични премини, меѓу кои на еден од нив се гради железница.