За силите на Асад изгладнувањето е моќно оружје

Силите на озогласениот диктатор Башал Ал Асад со изгладнување ги конторлираат граѓаните, објави „Амнести Интернешнл“. Според нив, гладот е најмоќно оружје во војна.

Од таму соопштуваат дека најмалку 128 бегалци починале во камопт Јармоук во Дамаск  како последица на глад. Од АИ велат дека уште илјадници лица живеаат во катастрофални услови.

Цели семејства се приморани да бараат храна по улиците, иако снајперисти им се закануваат на сите кои го напуштаат кампот.

Кампот Јармоук во Дамаск е засолниште на околу 20.000 палестински и сириски бегалци. Во кампот секојдневно има недоразбирања и тепачки меѓу бегалците, но и судири со чуварите.

Од април 2013 во кампот нема електрична енергија, а болниците се затворени откако се потрошиле и најосновните лекови.

„Сириските војници извршуваат криминални дела бидејќи го користат гладот како воено оружје“, појасни Филип Лутер, директор на Амнести за Среден Исток. Тој додава дека бегалците јадат мачки и кучиња од улиците, а секојденевен хорор е опасноста да бидат убиени од снајперистите додека се обидуваат да најдат храна.