За сите љубители на германската култура и јазик – Ден на отворени врати во Гете – институт Скопје

На први септември годинава, во просториите на Гете-институтот во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Ден на отворени врати“. Во рамките на „Денот на отврени врати“, кој ќе започне од 10 часот наутро и ќе трае се до 18 часот поладне, сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со работењето на Гете-институтот Скопје и активностите што ги реализира во текот на годината.

Освен тоа, на „Денот на отврените врати“ присутните ќе имаат можност лично да ги запознаат сите професори во Гете-институтот и да поразговараат за теми од нивен интерес. Дополнително на тоа, ќе се одржи промотивен час во модерно опремена училница, а учесниците ќе можат да ги научат првите зборови на германски јазик.
Заинтересираните за актуелни настани и проекти, стипендии и јазична соработка и соработка на ниво на културни друштва ќе имаат можност да се информираат за сите можности што ги нуди Гете-институто Скопје во рамките на овие области.

Покрај тоа, Гете-институт Скопје има можност за дигитални понуди за изучување на германскиот јазик, а сите заинтересирани ќе добијат детална информација и за оваа програма.

Најсреќниот посетител на „Денот на отворени врати“ во Гете-институтот ќе добие еден бесплатен курс по германски јазик.

Гете-институт Скопје е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Преку своите активности го афирмира учењето на германскиот јазик и германската култура. Покрај изучувањето на германскиот јазик, Гете Институтот во Скопје креира и поддржува проекти од областа на културата, образованието, иновативни процеси и нивна презентација во уметноста, науката и медиумите, поддршка на внатрешно – европскиот дијалог, проекти од мултикултурализмот. Покрај промоција на Германија и германската култура и јазик, Гете Институтот во Скопје преку своите активности создава можност за поврзување на проекти и идеи од двете земји и идна соработка.

Во рамките на своите активности, Гете-институт Скопје работи и на унапредување на наставата по германски јазик во основното, средното и високото образование.