За Споли, Балотели е црнчуга

Балотели се обиде физички да се пресмета со Споли бидејќи го навредувал на расна основа

Освен по заслужената понеда на гостинот, првенствениот дуел помеѓу екипите на Катанија и Милан ќе биде запаметен и по големиот конфликт кој се случи во финишот од натпреварот, а во кој учествуваа Николас Споли и Марио Балотели.
Бомбардерот на Милан се обиде физички да се пресметка со дефанзивецот на Катанија, а причина за таквата негова реакција беа навредливите зборови на Споли.
Балотели прво го информираше главниот судија, а потоа и тренерот, Масимилиано Алегри дека бил навредуван на расна основа и дека бил наречен „црнчуга”.
“За мене ова беше еден фер натпревар. Ништо не се случи. Видов дека Марио е малку нервозен и поради таа причина решив да го заменам во финишот од натпреварот. Имаше потреба од малку одмор, а и имавме одлична предност од 3;1”, изјави Алегри.