За Србија заем од 25 милиони евра за поврзување на гасоводот со Бугарија

Србија во четвртокот со Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпиша договор за заем од 25 милиони евра за градење на гасната интерконекција со Бугарија, што е и еден од приоритетните проекти на Европската унија во поврзувањето на гасоводите за југоисточна и централна Европа.

Договорот, на виртуелниот состанок, го потпишаа српскиот министер за финансии Синиша Мали и потпретседателката на ЕИБ Лилијана Павлова, во присуство на министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ, и шефот на Делегацијата на Европската унија во Белград, Сем Фибрици, со што започнува реализацијата на проектот вреден 160 милиони евра, во должина од вкупно 170 километри низ Србија и Бугарија.

Павлова наведе дека ЕИБ обезбедила 25 милиони евра за поддршка на градењето на интерконекторите од српската страна, истакнувајќи дека овој проект е приоритетен за ЕУ и за иницијативата на гасоводите за југоисточно и централна Европа, и дека истовремено се однесува и за „посилна, попроперитетна и Србија во развој, што е заедничката цел“.

Изграбата на гасниот интерконектор Ниш/Димитровград – Бугарија е еден од приоритетните проекти со кој се обезбедува вмрежување на гасоводниот систем на Србија со соседните држави и отвора можност за испораки на природниот гас на пазарот и од други правци на снабдување.

Проектот, според процените на српското министерство за финансии, е „препознаен како еден од шест приоритетни проекти на Европската унија во рамките на Иницијативата за енергетското поврзување на централна и југоисточна Европа“.

Министерката за енергетика и рударство Зорана Михајловиќ истакан дека договорот со ЕУБ не значи само финансиските средства, туку во прв ред придонес за стабилноста во снабдувањето со гас што на Србија ќе ѝ даде можност „низ овој гасен интерконенктор да размислува и за диверзификациски понудувач на гасот“.

„Изградбата на овој гасовод значително ќе ја зголеми енергетската сигурност, не само за Србија, туку и за регионот“, порача Михајловиќ.

Србија, со овие 25 милиони евра обезбедено преку заемот од ЕИБ, ќе добие 49,6 милиони евра неповратни средства од Европската унија со посредство на ИПА-фондовите, а остатокот од износот ќе ги плати српската влада од државниот буџет.

Должината на овој гасовод на територијата на Србија ќе изнесува 109 километри, со вкупен капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас.

„Го поздравувам овој проект и како клучен дел од пошироката стратегија на Србија за довршување на тековното либерализирање на гасниот сектор и важна посветеност на натамошното напредување на Србија во преговорите за пристапување со ЕУ“, порача шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Сем Фабривци.