За што најчесто лажат мажите?

Некогаш се мали бели лаги, некогаш пак претерани измислици од кои зависат многу нешта. Луѓето може да лажат за се и сешто и причините се безбројни.

Но, тука ги сумираме најчестите лаги на мажите:

Нивната висина

Тие имаат тенденција да додаваат неколку сантиметри плус на својата реална висина. Според едно истражување, дури 55% од мажите го прават ова.

Нивните чувства

Постои една општествена појава која подразбира дека мажите мора да бидат силни. Овој факт влијае на нивната психологија на начин што ви велат дека се е во ред и тогаш кога не е. Мажите секогаш се чувствуваат како да треба сите проблеми да ги решат самите, без да го мешаат партнерот.

Друга причина е што мислат дека на тој начин ќе избегнат конфликт.

Нивните грешки

Ако мажите од нешто се плашат во животот, тоа е да не ја изгубат почитта од луѓето околу нив. Тие сакаат да бидат сакани, почитувани и вреднувани и токму затоа се загрижени дека вистината за нивните грешки ќе ве разочараат, па затоа најчесто ја заобиколуваат.

Нивните фантазии

Секој понекогаш фантазира за друг сексуален партнер, но мажите се плашат дека ќе ја повредат својата друга половина со ова признание.

Нивната ментална состојба

Жените полесно ја изразуват својата емоционална нестабилност. Кога мажите се во депресија најчесто се убедуваат себеси дека е се во ред и ја негираат фактичката ситуација.

Нив им е тешко да признаат дека страдаат од депресија и поради фактот што можеби доживуваат поинакви симптоми од вообичаените. Депресивниот маж може да биде гневен или агресивен.

Нивните минати врски

Речиси и да нема шанса маж да признае дека изневерил во претходна врска. Одговорот на прашањето зошто е многу едноставен – не сакаат да формираат мислење кај новата партнерка дека може да го направат истото.

За жал, ваквата лага може да ја поткопа довербата уште на самиот почеток на врската, а со тек на време и да биде причина зошто истата ќе пропадне.

Нивната потреба од присуството на партнерката

Најдеструктивната лага што еден маж може да ја каже е дека може сам. Но, не се тие виновни – вината лежи во медиумите кои постојано презентираат ликови, реклами, музика каде мажите се претставени како индивидуалисти.

Ова е сериозна лага затоа што на секој му е потребен некој – ние сме социјални битија и контактот со другите ни е најважен од се.