За струја граѓаните и фирмите во Црна Гора должат 175 милиони евра

Секторот за корпоративни комуникации на електроенергетската индустрија на Црна Гора соопшти дека домаќинствата на крајот на мај должат околу 114 милиони евра, што е за околу 4,7 милиони помалку од крајот на 2021 година, обави Танјуг.
Граѓаните и фирмите во Црна Гора на крајот на мај на црногорската електроенергетска индустрија (ЕПЦГ) и должеле речиси 175 милиони евра за потрошената струја.

Како што велат за „Вијести“ од ЕПЦГ, вкупниот долг е намален за околу 2,7 милиони евра во однос на крајот на минатата година кога изнесуваше речиси 177 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.