За Трамп идејата на Макрон за европска војска е „многу навредлива“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека е „многу навредливо“ тоа што францускиот претседател Емануел Макрон предлага дека Европа треба да формира своја сопствена армија како би се заштитила себеси од можните непријатели, вклучително и од САД.

„Претседателот на Франција, Макрон, предлоќи Европа да создаде свои сопствени вооружени сили, за да се заштито себеси од САД, Кина и Русија. Многу наверливо, но можеби Европа најпрво требна да го плати својот чесен удел во НАТО, којшто наголемо го субвенционираат Соединетите држави“, напиша на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп откако пристигна во Франција каде што ќе уучествува во одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна и притоа ќе се сретне со свпојот домаќин, францускиот претседател Емануел Макрон.

Во вторникот Макрон изјави дека Европа би требало да создаде своја вистинска армија за да ја намали зависноста од САД во одбраната. Макрон претходно го изрази своето мислење за потребата од формирање европска армија во неговиот говор на универзитетот Сорбона во септември 2017 година, кога исто така повика на формирање заеднички европски одбранбен буџет.

„Мораме да се заштитиме, имајќи ги предвид Кина, Русија па дури и Соединетите држави… Доколку на се решиме за формирање на вистинска европска војска, тогаш навистина не ги штитиме европските граѓани“, рече Макрон за радиото Europe 1.

Францускиот претседател заложувајќи се за „паневропската армија“ ја спомена и кибернетичката безбедност. Макрон истакна дека Европа се соочува со бројни обниди за мешање во нејзините внатрешни демократски процеси и во сајбер просторот.

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, во тој контекст, изјави претходно седмицава дека Европската унија веќе ги поставува основите за реализација на барањата на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Европската војска да биде создадена во рамките на Европскта унија, а не надвор од неа. Од тие причини пред една година ја создадовме Европската одбранбена линија“, изјави фон дер Лејен во Берлин.

Познат е негативниот став на американскиот претседател Трамп кон структурата на буџетот на НАТО, во чиешто одржување САД имаат огромни трошоци. Да Тој повеќепати истакна дека сојузниците треба да им платат на Соединетите држави за „заштитата“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.