За Трамп изборните резултати се голем успех, ги повика челниците на републиканците и демократите

© AP Photo / Robert F. Bukaty

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „голем успех“ на изборите и им се заблагодари на своите приврзаници кои и’ овозможија на Републиканската партија да го задржи мнозинството во Сенатот, без оглед на тоа што Демократската партија ја презема контролата над Преставничкиот дом, а Белата куќа објави дека ги повикал челниците на републиканците и демократите по затворањето на избирачките места.

„Голем успех вечерва. Ви благодарам на сите“, објави претседателот Доналд Трамп на Twitter кој забележително активно учествуваше во кампањата пред изборите во вторникот, на половината од неговиот мандат.

Претставничкиот дом сега доби демократско мнозинство, а во Сенатот републиканците го освоија повторно мнозинство и најверојатно ќе го зголемат. Демократската опозиција полагаше надеж дека ќе ја преземе контролата на барем еден од двата дома на Конгресот од републиканците, со што демократите ќе може да блокираат повеќе законодавни иницијативи на администрацијата на Трамп и да се изврши притисок врз Белата куќа.

Во текот на изборите на половината од мандатот се реизбира целиот состав на Претставничкиот дом, или 435 пратеници, како и 35 од 100 сенатори, од кои републиканците имаа само осум места. Приота републиканците имаат мнозинство од 51 место во Сенатот и ќе го задржат мнозинството, дури и доколку загубија едно место и соодносот ќе биде 50-50, потпретседателот Мајк Пенс ќе може да гласа по сила на својата функција како претседател на сенатот. Демократите мораа да освојат 51 мандат за да ја добијат контрола над Сенатот. Покрај тоа, во десетина сојузни држави се одржаа избори за гувернери.

Американската телевизиска мрежа NBC News прогнозира дека Републиканската партија во Сенатот ќе освои најмалку 52 мандати. Слична е прогнозата и на телевизијата ABC News, која во извештајот додава дека демократите може да загубат до три сенатора од досегашната бројка.

Прогнозираат дека во Претставникиот дом демократите остваруваат значително водство. Телевизијата CNN наведува дека демократите освојуваат 238 мандати, а републиканците 197. Телевизијата NBC според своите процени извести дека демократите освојуваат 229 места, а републиканците 206 мандати. За контрола во Претставничкиот дом неопходно да се добијат најмалку 218 мандати.

Американскиот претседател во меѓувреме ги повикал клучните републикански и демократски челници, соопшти Белата куќа набрзо по затворање на избирачките места во САД. Трамп разговарал со републиканскиот челник во Сенатот, Мич Мекконел и со шефота на дмократите Чак Шумер. Разговарал, исто така, и со претседателот на Претставничкиот одм, Пол Рајан, и со челничката на досегашното демократско малцинство Ненси Пелоси, којашто најверојатно ќе биде новата челничка на овој дом.

Пелоси вети во вторникот „нова рамнотежа“ во САД, откако оцени дека Американците и’ дале делумна контрола над Конгресот на Демократската партија на овие избори. „Демократскиот Конгрес ќе работи на решенија коишто ќе не’ зближат, бидејќи на сите ни е доста од поделби“, рече.

Избирачките месак се затворени ширум САД, иако гласовите се’ уште се пребројуваат во клучните области, меѓу кои и Калифорнија, која е најнаселената американска сојузна држава. Последни беа затворени избирачките месте на Алјаска.