За Трамп „лов на вештерки“ се обвинувањата против неговата компанија и нејзиниот директор

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп уште еднаш во четвртокот го нарече „лов на вештерки“ судскиот процес поведен од обвинителството на Њујорк против неговата компанија „Trump Organization“ и нејзиниот финансиски директор Ален Вајселберг за наводни кршење на даночните закони,

„Продолжува политичкиот лов на вештерки од страна на радикалните леви демократи, кои сега го преземаа властите на Њујорк. Ништо претходно не придонесе толку за поделби во нашата земја“, ги коментираше Трамп наводите од њујоршкото обвинитество.

Обвиниението би можело да ја поткопа соработката на компанијата на поранешниот претседател со банките и деловните партнери. За Трамп тоа е и главната цел на оваа кампања против него, за да се направи штета на неговата политичка кариера во иднина, особено откако потврди дека ќе остане во политиката и дека ќе се кандидира на следните претседателски избори.

Во понеделникот Трамп го обвини обвинителите дека се пристрасни, додавајќи дека постапките на неговата компанија „на ниеден начин не се злосторство“. Не се очекува дека Трамп ќе биде обвинет во догледно време, додаде неговиот адвокат Роналд Фишети.

Претходно во четвртокот поротата за округот Менхетен поднесе кривични пријави поради кршење на даночното законодавство од страна на „Trump Organization“ и нејзиниот финансиски директор Ален Вајселберг кој изјави дека не се чувствува виновен. Според наводите на обвинителството, компанијата и Вајселберг лично наводно веќе 15 години биле вклучени во кривична шема за затајување на данокот. Особено тие се товарат за измама, заговор, кражба на сопственост и фалсификување документи.

Вкупно, според обвинителството, компанијата и нејзиниот финансиски директор избегнале данок на доход во износ од 1,76 милиони долари, вклучително и приходи од изнајмување на апартманите на Менхетен и сл. Обвинителството тврди дека 15-те точки од обвинението се базираат на податоци добиеби од електронски носители на податоци, како и на даночни извештаи и изјави на сведоци.

„Ја оркестрирале највисоките реководители, при што финасиски профитирале тие и компанијата, со добивање тајни зголемувања на платите за сметка на даночните обврзници во сојузната држава и во земјата“, изјаив обвинителката Кери Дан на судењето на кривичниот суд во Менхетен.

Вајселберг, кој за милијардерот Трамп работел 48 години, пред судот се изјасни дека не се чувствуван виновен. Алан Футерфас, адвокат на „Trump Organization“ изјави за новинарите дека компанијата е „многу оптимистична“ и верува дека обвинението нема значително да наштети на нејзиното работење.

„Доколку копанијата имаше некое поинакво име, мислам дека немаше да има обвинение“, рече Фатерфас.

Во соопштението на „Trump Organization“ се наведува дека обвинителите го користат Вајселберг како „пиун во обидите на политиката на спалена земја за да му наштетат на поранешниот претседател“. Ова не е правда, ова е политика“, соопштија од компанијата.

Истрагата во врска со „Trump Organization“ повеќе од две години ја води обвинителот на округот Њујорк, Сајрус Венс. Покрај него во текот на изборната кампања и самата изборна година, односно во март минатата година, засебна истрага отвори и главната обвинителка на државата Њујорк, каде на власт се демократите, Летиција Џејмс. Компанијата, посебно е осомничена, дека наводно вештачки ја пумпала вредноста на своите активи со цел да добива кредити.

Постапката започна откако поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен изнесе тврдења дека „Trump Organization“, во која мина околу 10 години, прибегнувала кон таквата практика. Трамп од почетокот ги негира обвинувањата и истрагите ги нарече „најголемиот политички лов на вештерки“ инициран од демократите против него и неговите лојални соработници и прврзаници.