За Трамп обидот да биде отповикан предизвикува голем гнев но не сака насилство, ги осуди технолошките компании

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е под притисокот да отстапи поради минатонеделниот насилен упад во Конгресот на неговите поддржувачи кои сметаат дека му е украдена победата на претседателските избори на 3-ти ноември, во вторникот предупреди дека постои голем гнев поради повторниот обид да биде отповикан но истакна дека не сака насилство, и ги обвини технолошките компании дека ја поделиле нацијата.

Во своето прво обраќање за новинарите од 8-ми декември, пред да замине во обиколка на ѕидот на границата со Мексико во близина на Аламо, во сојузната држава Тексас, Трамп не сакаше да одговара на прашањето за неговата оставка и го критикуваше како „продолжување на ловот на вештерки“ новиот обид на демократите да изгласат негово отповикување од должноста предупредуваќи дека предизвикува „неверојатен гнев“.

„Не сакаме насилство, апсолуто не го сакаме. Што се однесува до импичментот, тоа е продолжение на најголемиот лов на вештерки во историјата на политиката. Тоа што го прават е апсолутно смешно. Овој импичмент ќе предизвика неверојатен гнев. Тоа навистина прествува страшна работа, која тие (демократите во Конгресот –з.р.) ја прават“, рече Трамп.

„За (претседателката на Претставничкиот дом) Ненси Пелоси и за (лидерот на демократското малцинство во Сенатот) Чак Шумер ваквите активности се продолжение на оваа линија, која мислам дека претставува огромна опасоста за земјата, и предизвикува неверојатен гнев“, додаде републиканскиот претседател.

Неговиот говор за кој го обвинуваат дека наводно ги поттикна неговите поддржувачи да упаднат во Капитол Хил, го нарече „целосно соодветен“, што го утврдиле и експерти кои ги проучувале.

„Ако го прочитате мојот говор, многумина тоа го сторија…., анализиран е и луѓето сметаат дека она што го кажав е сосема примерно“, рече Трамп.

Притоа направи споредба со говорите на антирасните и протестите против полициската бруталност кои ги потресуваа САД, а многу често завршуваа со наслилства, жртви, грабежи и подметнувања пожари.

„Ако погледнете што зборуваа некои други луѓе, политичари на високи позиции, по повод немирите во текот на летото, страшните безредија во Портланд, Сиетл и на други места, ќе видите дека вистинскиот проблем беше во тоа што тие го говореа. Но мојот говор, моите зборови, моето последно обраќање, сето тоа беше проучено и сите дојдоа до заклучок дека е сосема соодветно“, рече Трамп.

Трамп во средата би можел да стане првиот американски претседател кој е двапати отповикуван во долниот дом на Конгресот, што нема никакви значење за целиот процес на импичмент, а многу се мали шансите да биде отповикан затоа што демократите тешко дека ќе можат да го остварат двотретинското мнозинство во Сенатот каде се одвива главното „судење“ и покрај тоа што ги освоија двете сенаторски места во Џорџија со кои се изврамнија со републиканците, а по 20-ти јануари ќе бидат во мнозинство кога потпретседателката Камала Харис ќе го заземе местот претседатека на горниот дом на парламентот.

Републиканкиот претседател истовремено во вторникот ги обвини големите технолошки компании дека ја поделиле нацијата, неоколку дека најголемите ги затворија неговите профили за што беа критикувани и од германската канцеларка Ангела Меркел и од целата франциска политичка елита и државен врв како задирање во слободата на говорот.

На Трамп пристапот до нивните услуги, меѓу другите, ги забранија Apple, Google, Amazon и Facebook, а Amazon ѝ забрани и на социјалната мрежа Parler, која ја користат конзервативците, да ја користи неговата платформа.

Трамп, исто така, предупреди дека големите американски технолошки компании кои управуваат со социјалните мрежи правата со своето однесвање прават „катастрофална грешка“ и претставуваат опасност.

„Мислам дека големите технолошки копании прават ужасна работа за нашата земја. Верувам дека тоа ќе биде катастрофална грешка за нив. Тие исклучуваат, го демонстрираат она на што долго време предупредував“, рече американскиот претседател за новинарите пред да полета за Тексас.

„Мислам дека големите технолошки компании направија ужасна грешка и тоа е многу, многу лошо за нашата земја. И ги охрабруваат и другите да го сторат истото. А тоа предизвикува многу проблеми и опасности. Голема грешка тие не треба да го прават тоа, но секогаш има реакција кога го прават тоа. Јас никогаш не сум видел толку гнев како сега. Тоа е страшно, насилството секогаш мора да се избегнува.