За Трамп САД и Италија се блиски уште од древниот Рим

Американскиот претедател Доналд Трамп на средбата со италијанскиот колега по должност Серџо Матарела изјави дека културната поврзаност меѓу двете држави датире „уште од времето на древниот Рим“, се наведува на профилот на Twitter на Белата куќа.

„Соединетите држави и Итали се поврзани со заедничко културно и политичко наследство коешто датира илјадници години од времето на древниот Рим“,

Корисниците на социјалните мрежи беа изнанеди, како што велат, од историската неписменост, на американскиот претседател.

„Урок по историја: Древниот Рим започнал во VIII век пред нашата ера и се распаднач во V век од нашата ера. Соединетите држави ја усвоија Декларацијата за независност во 1776 година. Ми недостасува претседател, кој ја чита и ја знае историјата“, напишал еден од следбениците на американскиот челник на споменатата социјална мрежа.

Сепак, има и такво кои сметаат дека зборовите на Трамп треба да се сфатат како метафора, истакнувајќи ја правната поврзаност на древното римско право со американскиот устав.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.