За три дена пронајдени над 800 неексплодирани убојни средства од двете Светски војни – авионски и рачни бомби, тенковски мини

Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување во изминатиот период пронашле голема количина на неексплодирани убојни средства.

Како што информираат од ДЗС дел од нив датираат од Првата светска војна и дел од нив се од Втората светска војна.

– На ден 11.11.2022г. во реонот на Битола се пронајдени 837 рачни бомби, два дена подоцна на 13-ти ноември, на патот Извор, Дебар се пронајдени 4 авионски бомби SB германско производство и истите се уништени на лице место при што се превземени сите безбедносни мерки за нивно ништење. Веќе следниот ден во село Плетвар биле пронајдени две тенковски школски мини, информира ДЗС.

Истовремено се интервенирало и во Гевгелија, Дојран, Ресен каде се пронајдени девет неексплодирани убојни средства.

Дел од гранатите се уништени на лице место, а дел се безбедно подигнати за понатамошно ништење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.