За три години СДСМ планира да ја презадолжи Македонија

Социјалдемократскиот сојуз за време на своето опозициско дејствување предупредуваше за зголемувањето на јавниот долг, а границата од јавен долг од 50 проценти ја претставуваше како катаклизмична, пишува порталот Економски.

Но дојде и тој ден овој пат СДСМ од позиција на власт во својата фискална стратегија за наредните 2 години да предвидува македонската држава за прв пат во својата историја да го надмине нивото на јавен долг од 50 проценти од БДП. Во својот предвиден врв во 2020 година јавниот долг ќе изнесува високи 53.5 проценти од БДП. Јавниот долг континуирано расте по доаѓањето на СДСМ на власт, Македонија за неполни шест месеци се задолжи за 430 милиони евра, а од девизните резерви беа потрошени цели 180 милиони евра.

Доколку се земе во предвид предлог буџетот за 2018 кој е најголем во нашата историја и предвиденото задолжување на владата од скоро една милијарда евра повеќе од јасно е дека јавниот долг ќе продолжи да расте.

Во 2016 година долгот на Македонија изнесуваше 4.7 милијарди евра, а вкупно со предвидените задолжувања за 2018 година долгот на Македонија ќе изнесува повеќе од 6 милијарди евра. Тоа значи дека за неполна година и пол Македонија е задолжена за повеќе од милијарда ипол евра.

Ако се земе во предвид катастрофалната реализација на капиталните проекти која за 2017 година изнесува нешто повеќе од 50 проценти ефектите од задолжувањето се поразителни.

Граѓаните и целокупната експертска јавност со право се прашуваат за што е потрошена оваа огромна сума на пари, за што се искористени овие средства. Задолжувањата остварени од владата на СДСМ, а не искористени за некоја капитална инвестиција нема да донесат поврат на инвестицијата и ќе падната целосно на грбот на граѓаните кои ќе треба да ги враќаат овие кредити. На товар на граѓаните ќе паднат преку разни давачки кон државата како повисоки даноци, акцизи итн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.