За Турција „американскиот таканаречен мировен план е мртвороден“

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја.

„Овој план е план за анексија што има за цел убивање на решението за две држави и кражба на палестинска земја“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението, исто така, се отфрла изјавата на Трамп за Ерусалим како неделива престолнина на Израел и порача дека Ерусалим е „црвената линија“.

„Американскиот таканарелен мировен план е мртвороден. Палестинскиот народ и нивната земја не можат да се купат со пари“, се наведува во соопштението на турското МНР.

Анкара, исто така, порача дека нема да поддржи никаков план што не го прифаќаат Палестиниците и истакна дека „на Блискиот Исток нема мир без завршување на окупацијата“.