За убава и сјајна кожа без знаци на стареење – серум за кожа на Estee Lauder

Напредна технологија, напредни резултати, уште поубава и сјајна кожа. Advanced Night Repair Synchronized Recovery Complex е еден од најпродаваните, најпопуларните и најмногу наградувани производи на козметичката куќа Estee Lauder.

esteee_loderrr_2Овој серум драматично ги намалува видливите знаци на стареењето на кожата (видливоста на ситните бори, неизедначениот тен), ги спречи понатамошните оштетувања преку неутрализација на слободните радикали и видливо да го зголеми нивотот на хидратација.

Овој серум ја штити кожата од штетните дејства на слободните радикали така што ги неутрализира, а што е навистина важно затоа што УВ зраците, чадот, загадувањето, па дури и емотивниот стрес се најголеми причини за прерано стареење

Со помош на најважната состојка, хијалуронската киселина видливо го зголемува нивото на хидратација, ја смирува иритираната кожа и и’ помага да произведе и да ги обнови состојките што природно ја штитат.

Серумот е спакуван во темно стаклено шише со пипета. Тој исклучително лесно се нанесува на кожата. Потребно е да истиснете само неколку капки од пипетата и да го нанесете на лицето и на вратот.

Овој серум се нанесува секоја вечер на добро исчистено лице. Наменет е за сите типови кожа.