За Јункер планот на Џонсон има нерешени „проблематични точки“

Предлогот кој во средата го претстави британскиот премиер Борис Џонсон да се овозможи договорено излегување на Обединетото Кралство од Европската унија, сѐ уште содржи „проблематични точки“, рече претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јунекр по телефонскиот разговор со Џонсон.

Јункер признава дека постојат „позитивни поместувања, особено во поглед на целосната усогласеност на прописити за сите стоки и контролата на стоките од Велика Британија кои влегуват во Северна Ирска“, наведува службата на претседателот на ЕК.

Додал дека „сѐ уште постојат некои проблематични точки кои ќе бараат дополнителна работа следните денови, особено во поглед на бекстопот“.

„Мораме да имаме правно оперативно решение коешто ќе одговори на сите цели на бекстопот: да се спречи тврдата граница и да се заштити единствениот пазар на ЕУ и местото на Ирска во него“, рече Џонсон.

Јункер ќе разговара со ирскиот премиер Лео Вардакар и „вминателнмо ќе го послуша неговиот став“, се прецизира во соопштението на ЕК.

Преговарачот на ЕУ за брегзитот, Мишел Барние, ќе информира и ќе се советува со Европскиот парламент и претставниците на земјите членки. Состаноците на преговарачките тимови на ЕУ и на Велика Британија ќе се одржат во Брисел следните денови, се прецизира уште во споменатото соопштение.

Советникот на Џонсон, Дејвид Фрост, пристигна во Брисел во средата каде што веќе одржа работна средба со советниците на Мишел Барние.

Џонсон претходно предупреди дека Обединетото Кралство е подготвено за излегување од ЕУ на 31-ви октомври, со или без договор, доколку Брисел го одбие „спогодувањето“ кое го нуди Лондон.

Челникот на конзервативната британска влада кој кон крајот на јули ја презема власта со ветувањето дека по секоја цена ќе ја изведе земјата од ЕУ, рече дека подоцна вотекот на денот ќе му изнесе на Брисел „разумни и конструктивни предлози“ со коишто ќе ја префрли топката на неговото поле.

„Да, Обединетото Кралство нуди спогодба и искрено се надевам дека нашите европски пријатели тоа ќе го сфатат и ќе понудат свој предлог“, рече пред партиското членство на последниот ден од годишниот конрес на Конзервативната партија во Манчестер.

Иако не навлегуваше во технички поединости, предупреди дека Обединетото Кралство доколку биде одбиен неговиот план ќе илезе на 31-ви октомври „без разлика на сѐ“. Тврдеше дека неговата земја доколку биде одбиен неговиот план е „подготвена“ на „но дил“ кој може да има погубни последици за економијата.

Весникот The Telegraph пишува дека новиот британски предлог предводува останување на Северна Ирска во единствениот европски пазар до 2025 година, но во царинска унија со Обединетото Кралство. Така во некоја рака би постоеле две граници: цариснак контрола меѓу двете Ирски и регулаторна контрола на Ирското Море кое Обединетото Кралство го дело од неговата покраина Северна Ирска.

Џонсон повторно негираше дека размислува за повторно воспоставување физичка контрола на границата, без јавно да образложи како има намера да го реши тоа прашање. Џонсон предупреди дека доколку не успеат преговорите со ЕУ, нема од Брисел да бара одложувње на брегзитот. Но законот што го изгласа парламентот го обврзува да бара ново одложување, по првото од 29-ти март на неговате претходничка Тереза Меј, доколку до 19-ти октомври не се договори со ЕУ непосредно по следниот самит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.