За уривањето на мостот во Франција веројатно виновен претежок камион

173

Несекојдневното уривање на мостот на југозападот од Франција во кое загинаа две лица, можеби е поврзано со минување на камион чијашто тежина повеќе од двојно ја надминувала дозволената, соопштија во вторникот локалните власти.

„Нашата рамковна процена е дека камионот тежел повеќе од 40 тони. Неговите габарити биле надвор од пропишаните и мостот се урнал“, рекол за агенцијата AFP во вторникот Ерик Огет, градоначланик на Мироз-сур-Тарн, мала општина со околу илјада жители северозападно од Тулуз.

Металниот мост на реката Тарн(а) бил изграден во 1931 година со носивост до 19 тони, на што предупредувале знаците поставени пред мостот.

„Една од претпоставките е дека камионот кој минувал по мостот бил потежок од дозволеното. Фактите ќе ги утврди државниот обвинител“, изјави во вторникот за мрежата LCI, државната секретарка за еколошка транзиција Емануел Варгон. Доаѓајќи на местото на несреќата додала дека мостот повеќепати бил прегледуван и „не се воочени никакви посебни проблеми“.

Иследниците во вторникот ја продолжуваат истрагата, прегледувајќи ги снимките кои во понеделникот ги направиле нуркачите. Остатоците од камионот треба да бидат извлечени од реката, но таквиот сложен потфат можеби ќе потрае и неколку дена.

Мостот долг 152 метри и широк 5 метри, се урнал во понеделникот меѓу 8 и 8,30 часот по локално време и на него имало најмалку две возилата, а според очевидци катастрофата се случила многу кус откако преку него минал училишен автобус. Во водите на реката Тарн во понеделникот беше извлечено телот на 15-годишно девојче а а сѐ уште се трага по неутврден број лица. Нејзината мајка и уште три други лица успеале да испливаат до брегот.

Во извештајот на францускиот Сенат од минатата 2018 година, изработен откако 43 луѓе загинаа во уривање на мостот во италијанска Џенова, беше утврдено дека најмалку 25.000 мостови ширум Франција се во лоша состојба. Меѓутоа, градоначалникот Огет во понеделникот за телевизијата BFMTV рече дека мостото кој се урнал бил цекосло реновиран во 2003 година и дека редовно бил проверуван од локалните власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.