За Уругвај, гризењето на Суарез не е голем инцидент

Иако целиот фудбалски свет е згрозен од однесувањето на Луис Суарез, кој повторно касна противнички фудбалер и од ФИФА доби казна, да нема никакви фудбалски активности во следните четри месеци како и забрана за настап во дресот на Уругвај во следните девет натпревари, претседателот на Фудбалската федерација на Ууругвај, Вилмар Валдез и понатаму е убеден дека напаѓачот на Ливерпул е невин и најави жалба на веќе донесената одлука на ФИФА.

„Подготвуваме жалба. Имаме три дена за тоа. Мислиме дека казната е преголема и дека немаше докази за ФИФА да реагира на ваков начин. Впрочем, во фудбалот во последно време имаше и многу поголеми инциденти од овој, па немаше вакви казни. Се чувствуваме како некој намерно да го исфрли Уругвај од мундијалот, затоа што тој многу ни значи во нашата селекција. Ќе бидеме значително ослабени“, изјави Вилмар Валдез.