За вакцинирање преку ред, разрешен и суспендиран секретарот на болницата во Охрид

Директорот на охридската болница денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид-имунизација се вакцинира преку ред во модуларната болница на КИБФС во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

„Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид-имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем ”, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции“, порачуваат од министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.