За вакви велепредавства одговорност мора да има

Одговорност мора да има, за вакви предавства, не предавства туку велепредавства одговорност мора да има, истакна вечерва при своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание Владо Мисајловски.

Мисајловски понатаму вели дека она што се случувало во изминатиот период било само глума од страна на власта, бидејќи истите протоколот го одобриле од одамна и пред да биде презентиран во јавноста.

-Документите што ќе ги потпишат и што веќе ги прифатиле на Влада се штетни и одобрени само од нив. Што е многу важно, значи они ги одобриле многу одамна и пред да ги презентираат во јавноста и сето она што се случуваше беше една глума, една фарса, дури и театар да стигне до Собранието и т.н, појасни Мисајловски.

Мисајловси е дециден дека за ваквото велепредавство одговорност мора да има.

-Одговорност мора да има, за вакви предавства, не предавства туку велепредавства одговорност мора да има, истакна вечерва при своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание Владо Мисајловски.

Македонскиот народ беше излажан, власта постојано лаже и мисли дека народот ќе заборави, јасно е дека они неможат да го убедат и сопственото членство дека овој протокол е добар.

-Најголемиот проблем е што македонскиот народ беше излажан, никогаш нема и да престанат да лажат, таква им е природата на тие луѓе. Многу години го зборуваме ова, лажат и мислат дека народот не е доволно интелигентен, дека брзо ќе заборави, и со нивната голема пералница на умови, односно медиумите, па еве и медиумите се против, најголем дел од нив се против, експертите се против, дури неможат ни сопственото членство да го убедат, рече Мисајловски.