За викендот невреме

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно, особено во северните и западните делови од земјата и ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб, а на местата со пороен дожд повремено засилен ветер.Максималната температура ќе се движи од 27 до 34 степени.

За време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и појава на град. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локална нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер.

Покачувањето на температурите во наредниот период ќе допринесе за нормален развој на културите и отпочнување на жетвата на јачменот, но условите за нестабилност и евентуалната појава на град со ветер и дожд може да предизвика прекин на жетвата и штети скоро кај сите култури и од аспект на механичко оштетување како и полегнување кај житните култури. Опасноста од појава на болести и штетници е сеуште многу голема, така и потребата за заштита треба да биде приоритет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.