За влез во Скопје, користете алтернативни приоди поради реконструкција на булеварот во Гази Баба

Преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров

За сите оние кои доаѓаат во Скопје, градските власти апелираат да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, поради големата реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општината Гази Баба, што е во тек.

Тоа се: преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар „Христијан Тодоровски -Карпош“ кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров.

Во Скопје деновиве во тек се изградба и обнова на повеќе градски улици – се пробива улицата „Есенинова“, а се реконструираат улиците „Македонско – косовска бригада“, „Лазар Личеноски“, „Џон Кенеди“, „Боца Иванова“, „Благоја Стефковски“ и „Востаничка“, како и булеварот „Видое Смилевски -Бато“, поради што се апелира да се користат атернативни пристапи.