За ВМРО-ДПМНЕ седницата е завршена

141

Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека за нив денешната собраниска седница е завршена и бара од ЈО да испита кој и дали ги уценува и им се заканува на пратениците.

Согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку. До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена.Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на Уставните измени.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата потенцира дека никој во Собранието, ниту надвор не смее да врши притисоци врз пратениците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неофицијални информации, седницата на Собранието за уставните измени, по повеќе одложувања сепак ќе се одржи вечерва во 21 часот. Не е познато дали вечерва ќе се гласа или само ќе продолжи дискусијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.