За време на коронавирусот пожелен е британскиот, а не боемскиот секс

515

Сексот во периоди на социјално дистанцирање не е нужно несигурен, сѐ додека не стане „премногу боемски“, и вклучува само две лица од кои едното не е бремено, учесниците немаат повеќе од 70 години и не се болни, порача во саботата британски здравствен експерт.

По прашањето на водењето љубов во текот на коронавирусот, кога на населението му се препорачува да ја избегнува социјализацијата, професорот на медицина при британскиот универзитет „East Anglia“, Пол Хантер, вели дека со тоа во повеќето семејства не би требало да има проблем.

„Доколку немате симптоми, а се придржувате на социјалната дистанца, нема причина зошто не би требало да го практицирате сексот со партнерот со кој живеете“, вели Хантер.

„Меѓутоа, доколку вашиот сексуален живот е поопуштен и доколку притоа доаѓате во контакт со неколку или повеќе други лица, ви советуваме тоа да не го правите, со тоа што ќе останете дома“, додава  Хантер во разговорот за Reuters.

Додава дека избегнувањето на сексот со повеќе партнери е особено важно за ризичните групи, како што се луѓе над 70 години, лица со здравствени проблеми и трудниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.