За задутре најавен можен штрајк на граничните премини со Грција

grcija

За задутре е најавен можен штрајк на граничните премини со Грција, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ наведува дека штрајкот ќе почне во четврток наутро во пет часот и ќе трае до 23 часот на ГП „Дојрани“, а на премините „Ники“ и „Евзони“ до пет часот наредниот ден.

Според АМСМ, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo суви коловози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.