„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“: „Нема срам од љубовта кон Македонија и нема повлекување“!

„за заедничка македонија“

Ова е навреда за стотина илјади луѓе кои речиси цела недела секој ден излегуваа по улиците во поддршка на заедничка Македонија. Ова е  навреда за уште милион луѓе кои се за заедничка Македонија. Тие луѓе се чесни луѓе, домаќини, еснафи од сите професии и возрасти, културни луѓе кои што ги обединува многу луѓе кон својата татковина, рече Илиевски.

Тој посочи дека граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се залага за она за што се залагале асномците, основачите на ВМРО.

Нашите идеи и вредности се базирани на мислата и светогледот на овие луѓе. Тие не биле фашисти, бандити и пијаници . Тие се бореле против фашистите и злосторниците и ваквите квалификации се срамни.  Ова е една перфидна тактика за одвраќање на луѓето со закани и клевети за да им се задуши енергијата која од ден на ден е се поголема. Ова е уште еден обид на луѓето да им се наметне срам од сопствениот патриотизам, слободна мисла и дејствување за доброто на татковината. На ваквите обиди одговараме:„ Нема срам од љубовта кон Македонија и нема повлекување“, рече Илиевски.

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ изразија благодарност до сите граѓани  од кои ја добија поддршката.

Меѓу нас има вредности и позитивна мисла. Затоа на сите стотици граѓани кои прошетаа низ улиците на Македонија им благодариме и ги повикуваме да продолжиме на граѓански, домаќински на еснафски начин, да ги промовираме вредностите за кои излегуваме на улица и да продолжиме да се бориме за заедничка Македонија, истакна Илиевски.