„За заедничка Македонија“ бара нови парламентарни избори (ВИДЕО)

Дo шеесетиот ден од почетокот на протестите на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, побараа повторување на парламентарните избори на  нивната средба со пензионерите од Сојузот на пензионерите од Општина Бутел, кои дадоа поддршка на оваа иницијатива.

„Како што најавивме минатата недела во тек се средби со разни организации,и здруженијам коишто се со цел да се дискутираа за моменталната ситуација во која што се наоѓа Македонија, како и за нашата иницијатива, што во иднина треба да се случува, за преформулирањето на нашите барања. На почетокот баравме отфрлање на Тиранската платформа, тие учесници одбија да ја отфрлат, но ние на улиците докажавме дека сме посилни од таа платформа, па сега за конечен излез од кризата бараме одржување на нови парламентарни избори и затоа сакаме да го слушнеме и нивниот одоговор, бидејќи и тие се поддржувачи на нашата иницијатива“, рече Богдан Илиевски, членот на граѓанската иницијативата За заедничка Македонија.

Актерот Ванчо Петрушевски кој стана пензионер само пред неколку дена, рече дека оваа иницијатива За заедничка Македонија не се однесува само на оние најмладите кои се „најбунтовни“, сепак и тие како пензионери со нивното искуство и со нивното знаење ќе придонесат барем малку за да се сознаат овие современи проблеми.

„Оваа состојба, којашто е исклучително критична, мора да ја решиме на начин кој ќе одговара на целиот народ. Нашиот народ сака да живее во една татковина, сака да живее мирно, да има спокојна старост и да има млади луѓе коишто ќе ја носат оваа држава напред. Бараме што поголема масовност, да можеме нашето барање да добие поголемо значење, како кај нас во Македонија така и надвор од кај нас“, порача Петрушевски.

Претседателот на Здружението на пензионери на општината Бутел, Љупчо Димовски, рече дека за пензионерите овие 60 дена се малтретирање и оти многумина од нив само што го дочекале време за заминување во пензија во нивната држава се случиле загрижувачки работи.

„Пензионерите за овие неколку години видоа што значи живот во Македонија, користат банско лекување, тие имаат покачување на пензиите и не би требало да бидеме загрижени бидејќи ние ќе издржиме и ќе опстоиме да си го зачуваме она нашето, пензионерското“, истакна Димовски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.