„За заедничка Македонија“: Црвено-жолтата линија го брани Собранието и нема да биде помината од никого (ФОТО)

Денеска пред граѓаните кои 44-ти ден протестираат на улиците во Скопје, пред Собранието се обрати повторно Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тој порача дека црвено жолтата линија го брани Собранието и нема да биде помината од никого.

-Заедничка Македонијо не можам да ви ја опишам честа по 44-ти пат да ве поздравувам вас тука во Скопје и сите браќа и сестри низ целата држава, луѓе кои што решија да кажат доста е, нема да ви помине, немојте да не лажете, немојте да ни подметнувате никакви Тирански платформи во Република Македонија. Затоа сме тука пред Собранието на Република Македонија, црвено-жолтата линија го брани Собранието и нема да биде помината од никого, порача Илиевски

Тој порача дека поради народот и денеска повторно нема претседател на Собранието кој не ја отфрлил Тиранската платформа.

-Денеска иако имаа такви планови, мислам дека се премислија кога не можеа да не добројат, и денеска нема претседател кој не се откажал од платформата создадена во Тирана, која има за цел Македонија еден ден да ја подели на два дела. Но 44 дена и уште колку и да треба покажуваме дека преку глава ни е да ја веднеме главата пред разно разни закани, пред разно разни насилници, кои те уценуваат и условуваат, дека ако не го прифатиш сето она што го бараат ќе сме имале проблем, епа еве сме на улица господа, изјави Илиевски.

nioze-1

noze-3

noze-4

noze-5

noze-6

noze-7

noze-8