За Заев развојот на економијата и евроинтеграциите се поважни од предвремените избори

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција повика на одржување лидерска средба во петок во 15 часот во Клубот на пратениците. Поканата е упатена до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

На лидерската средба би се разговарало за нов изборен законик и изборен модел, за Законот за јавно обвинителство, односно решавање на статусот на СЈО и за пописот.

Заев не исклучува да се разговара и за други теми, меѓу кои и за предвремени избори, на што инстистира опозицијата. Но, рече дека, иако валедајчката партија е подготвена за избори, предност во моментот треба да има евроинтеграцијата и развојот на државата и економијата. „Останувам на ставот против предвремени парламентарни избори, а за мене најрано прифатлив термин за парламентарни избори е октомври 2020 година“, рече тој.

Заев се осврна и на најавената метла и додаде дека течат преговорите и понатаму.

„Сѐ уште сме во преговори со ДУИ, но во фаза која очекувам да заврши во текот на средината на јули, па да ги објавиме имињата“, рече Заев.

Тој за подолгата верзија за Нешкоски рече: „Се гордеам што успеав да го откријам и објавам злото. И кратката и долгата верзија на објавените снимки за убиствотот на Мартин Нешкоски покажуваат дека поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка Гордана Силјановска го криеле убиствототна Мартин Нешковски. Пуштил пократка верзија оти со тоа јасно се прикажувала интенцијата, а сите разговори се предадени во СЈО. Таму има уште многу разговори и јасно во сите се гледа дека се обидуваат да скријат убиство и да монтираат притвор и тоа го потврдувам“. – рече Заев.

Тој зборуваше и за ветингот. „Знам дека е потребен ветинг, но не смее да се избрзува. Тоа мора да се обмисли, бидејќи ако го спроведеме набрзина, Македонија може да остане само со тристотини судии наместо со препорачаните седумстотини“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.