За здраво срце најефикасно е вежбањето доцна наутро

Физичките вежби меѓу осум и 11 часот наутро е поврзани со најмалиот ризик од срцеви болести и мозочен удар, покажа ново истражување спроведено на повеќе од 86.000 учесници, од кое резултатите се објавени на порталот Medical News Today.

Во споредба со поединците кои биле активно околу средината од денот, кај оние кои биле најактивни наутро меѓу 8 и 11 часот воочено е 11 до 16 отсто помал ризик од развој на коронарни болести. Кај жените, пак, тој ризик е намален за 22 до 24 отсто.

Кај оние што вежбаат наутро, забележан е 17 отсто помал ризик од развој на мозочен удар, а кај жените тој процент изнесувал до 35 отсто, според студијата објавена во списанието European Journal of Preventive Cardiology.

„Добро е познато дека телесните вежби се добри за срцето, а нашата студија укажува на тоа дека за тоа е најкорисна утринската активност. Резултатите се особено изразени меѓу жените, а важат и за ранобудните и за ноќните птици“, вело една од авторките на студијата, Гали Албалак од медицинскиот универзитетски центар во холандски Лејден.

Сите 86.000 учесници во студијата имале меѓу 42 и 78 години, а просекот изнесувал 62 години. На почетокот од истражувањето не боледувале од кардиоваскуларни болести, но во просек биле со зголемена телесна тежина.

Нивната физичка активност била следенат секој ден од февруари 2013 до 2015 година, со помош на монитор на зглобот. Научниците потоа ги следеле од шест до осум години, сѐ до првиот прием во болница или смрт поврзана со болести на срцето или мозочен удар.

Во тој период речиси 3.000 од испитаниците развиле коронарна артериска болест, а речиси 800 претрпеле мозочен удар. Кај оние кои биле физички активни во период меѓу 8 и 11 часот наутро, забележен е најмалиот ризик од двете состојби.

„Станува збор за опсервациска студија, затоа не можеме да објасниме поради што врската е поизразена кај жените. Резултатите од нашето изразување се дополнителен доказ за здравствената полза од физичката активности и укажуваат на тоа дека утринската активност, особено ако е подоцна утрото, е најкорисна“, објаснува Албалак.

Лекарите препорачуваат возрасните лица умерено да вежбаат 150 до 300 минути седмично или 75 до 150 минути, доколку вежбаат поинтензивно.