За Зеќири се подготвува фотелја во извршната власт

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, сепак нема да остане без фотелја, oткако извиси како нов директрор на Фондот за здравство, функција за која што се шушкаше дека ќе ја добие со месеци, но вчера Владата го предложи Стево Крстевски од СДСМ-Велес.

Лидерот на партијата, премиерот Зоран Заев за „Клан“ одговорил дека има поинаков план за Зеќири.

-Го планирам за друга позиција. Мухамед Зеќири е потпретседател на СДСМ и помина еден мандат во парламентот. Сега тој ќе преземе одговорност во извршната власт, одговорил писмено Заев.

Зеќири неодамна поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието ја констатираше неговата оставка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.