За Зеленски е нелогично што Гутереш ќе ја посети Русија пред Украина

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на денешната прес конференција, која ја одржа во метро станица во Киев, оцени дека е нелогична одлуката на генералниот секретар на ОН Антониот Гутереш прво да ја посети Русија, а потоа и Украина.

Украинскиот лидер рече дека би имало смисла Гутереш да ги види злосторствата во Украина пред да оди во Русија за да поставува прашања.

Зеленски, исто така, рече дека Русија не треба да биде дел од Советот за безбедност на ОН.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во вторник ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Ова ќе бие првпат Гутереш да се сретне лице в лице со Путин од почетокот на инвазијата на Украина кон крајот на февруари, пренесува Скај Њуз.

Тој ќе има работна средба и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот рече дека Гутереш се надева дека ќе разговара за тоа што може итно да се направи за да се донесе мир во Украина, бидејќи војната со Русија продолжува веќе осма недела.

После посетата планирана е и посета на Украина и средба со Зеленски.