24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

За Зијадин Села неопходни се предвремени избори

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во вклучување преку скајп за РТВ Ора рече дека во Северна Македонија треба да има предвремени избори. Според Села, дојдено е време да се смени власта.

 Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ, рече челникот на Алијанската за албанците.

Села, исто така, ја критикуваше и владејачката албанска партија ДУИ. Според него, албанскиот дел во Владата владеел на незаконски начин.

 Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полу режим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незаконски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество, заклучи Села

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.