За злоставење девојче 9 години затвор за поранешен министер за образование во БиХ

Поранешниот министер за образование во владата на Република Српска, Ненад Сузиќ, е прогласен виновен за сексуално злоставување малолетничка и е осуден на девет години затвор, потврдија во понеделникот од Окружниот суд во Бања Лука каде е водена кривичната постапка.

Сега 71-годишниот Сузиќ е неправосулно осуден поради кривично дело обљуба на девојченце коешто имало 11 години поради што бил уапсен во јуни 2019 година, а во затвор тогаш мина шест месеци.

Кога е уапсен, Сузиќ беше редовен професор на катедрата за педагогија на Филозофскиот факултет во Бања Лука. Судот на некогашниот министер му изрекол и мерка забрана за секакво делување во образованието, односно во наставниот процес и дополнитеен рок на забрана за приближување на злоставеното девојче две години по отслужување на затворската казна.

Во 2019 година Сузиќ во полицијата го пријавиле родителите не девојченцето откако таа на своите пријателки им раскажала како тој ја носел во својот дом и таму ја пипал по телото и дека ѝ се заканувал дека за тоа не смее да кажува никому. Родителите тоа го приајвиле на наставниците во училиштата, што на крајот резултираше со кривична пријава и пресуда во прв степен.

Должноста министер за образование во Република Српска, Сузиќ ја извршуваше од 1998 до 2001 година.