Забавната индустрија вчерва го вклучува црвениот аларм за спас

Под мотото #WeAreEvenrs и #RedAlert, (https://wemakeevents.org/) вечер, во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), земјава ќе се вклучи во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби поради КОВИД пандемијата, а милиони луѓе остануваат без работа и се на раб на егзистенција.

Иницијативата потекнува од Америка и е црвен аларм за индустријата за организација на настани.

– Вечерва со почеток во 20 часот, ВИП Арената во Скопје и домовите на култура во Кочани и Струмица ќе ги обоиме во црвена боја, со видео проекции. Ќе се обидеме да го свртиме вниманието на јавноста, но и на Владата кон нашиот сектор и уште еднаш да покажеме дека навистина сме во тешка и незавидна ситуација, велат од ИВАП.

ИВАП вчера организираше дебата на тема „Настаните во ковид периодот што следува“, на која присуствуваа компании и професионалци од индустријата. Свое мислење изнесоа гитаристот Влатко Стефановски, директорот на Филхармонија Виктор Илиески, Коста Петров од P World, Теодора Васиљевиќ од Пасворд Продукција, Никола Наумоски од Град Скопје. Општиот став е дека настаните мора да продолжат, дека периодот што доаѓа е незивесен и со многу непознати.

– Останува нашиот став дека поддршката од Владата е неопходна, но и димензионирана и таргетирана по сектори, бидејќи секоја индустрија си носи свои специфики и потреби. Останува впечатокот дека е добро што раговараме, што предлагаме можни решенија и што индустријата е мотивирана да продолжи, беше речено на дебатата.

Во однос на вчера усвоените протоколи за одржување јавни настани во затворени простори, ИВАП смета дека требало да бидат консултирани како независни прифесионалци, а не да се земе предвид само ставот на културните инситуции.

– Триесет отсто исолнетост од капациетот на салата е понижувачки за уметниците и за организаторите. Исто така, не ја гледаме логиката во отворени простори да може да се одржуваат само седечки концерти. Сепак, доаѓа ладно време и седењето на публиката нема да биде пријатно за следење на кој било настан. Но, се надеваме дека протоколите дозволуваат промени и дека наскоро ќе имаме можност да ги изнесеме нашите ставови, потенцираат од Асоцијацијата.

Акцијата „Црвен аларм“ ќе се организира и во иднина на повеќе локации и објекти ширум земјава.