Забележан брутален поткуп и притисоци на гласачи, заиграа ли парите и стапот во Штип?

Забелешки дека има притисоци, сведоштва з поткуп на гласачи и влијание врз правото на избор се дел од работите кои ги истакнуваат од невладината „Излези да гласаш“.

Ова утро во Штип пред гласачките места можат да се забележат возила на партиски активисти како во колона спроведуваат гласачи да гласаат.

Од невладината истакнуваат дека има поплаки на злоупотреба на државни позиции, вработени во администрацијата да излезат на гласање.

Во ромското маало гласно се говорело дека има платени гласови. Пакет зејтин и вода биле делени на повеќе локации низ Штип.

Од „Излези да гласаш“ велат дека на гласачкото место во Штип е забележано и групно гласање, како и отворено агитирање за кого да се заокружи.

Слабата излезеност која е двојно помала од парламентарните избори ги прави нервозни изборните штабови.

Досега официјално е потврдено дека и болни од КОВИД се тераат да излезат на гласање.