Забележани случаи кога пациенти го загубиле видот по Covid-19

Научниците откриле дека коронавирусот SARS-CoV-2 може да предизвика ретка инфекција која доведува до губење на видот, а студијата спроведена во тим истражувачи од Универзититот Хофстра во Хемпстед во американската сојузна држава Њујорк е објавена во стручното списание Knowridge Science Report.

Во њујоршка болница, кај тројца пациенти со Covid-19 лекарите утврдиле кератитис, воспаление на рожницата. Потоа, предизвикано од тоа, кај пациентите се развил ендофталмитис, гнојно воспаление на внатрешните мембрани на очното јаболко.

Појавата на три случаи на ендофталмитис за толку кратко време е исклучително редок случаи, и бидејќи сите биле поврзани со заразата од Covid-19, неопходно е спроведување ново истражување, велат експертите.

Од тројцата пациенти, едниот починал од компликациите предизвикани од Covid-19, на другиот морало да му биде отстрането окото, а третиот го загубил видот. Притоа научниците истакнуваат дека во сиве овие случаи, пациентите имале повеќе од 60 години.

Ендофталмитис се среќава многу ретко, но меже да биде предизвикан од вирус. Симптоми за оваа инфекција може да вклучуваат црвенило, болка, исцедок од окото, оток на очните капаци и намалување на видот.

Исто така, и преминувањето на кератитисот во ендофталмитис е многу ретка појава. Друга посебна студија покажала дека се познати само 27 случаи во текот на 15 години, кога кај пациентите се развил ендофталмитис предизвикан од кератитис.

Иако е можно кератитисот да бил поврзан со Covid-19, научниците во моментов имаат многу малку информации кои би сугерирале дека ова очно заболување се должи на инфекција со коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.