Забележано моќно сјаење на Сонцето

Опсерваторијата за соларна динимика (SDO) го регистрирало најмоќното исјајување односно сончев пламен од октомври 2017 година, објави американската агенција за вселенски истражувања NASA на својата веб-страница.

Станува збор за соларна емисија од класата М, експлозии на Сонцето кои астрономите ги класифицираат како средни до големи. Според научниците, емитираното зрачење е премноги мало за директно да влијае врз здравјето на луѓето. Истовремено, поради таквата емисија можни се нарушувања на функционирањето на мобилната комуникација и GPS сигналот.

Појавата на експлозијата и дамките на Сонцето по долга пауза во активноста на ѕвездата може да укажува на почетоко на нов сончев циклус, По сончевиот минимум активноста се зголемува и има сѐ почести појави на сончеви пламени, а научниците можат да го утврдат нивниот број дури по неколку месеци набљудување. Овој процес трае најмалку шест месеци, па така научниците во моментов може да проценат колку активно било Сонцето во однос на другите периоди во октомври 2019 година.

Истражувачите напомнуваат дека забележаната зголемена сончева активност не значи дека за еден бесец бројот на пламенти нема да се врати на претходните вредности.